Принцезата Шарлин добро закрепнува: По долгото лекување во психијатриска клиника, се враќа дома

Принцезата Шарлин
EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER / POOL

Принцезата Шарлин од Монако закрепнува и се очекува наскоро да ја напушти психијатриската установа во која веќе одредено време се лекува поради физичка и емоционална исцрпеност.

Нејзиниот сопруг Алберт за магазинот Монако Матин изјави дека „таа е многу подобро и дека набрзо ќе се врати дома.“

Од палатата во Монако пред три недели беше објавено соопштение во кое се наведува дека нејзиното опоравување е задоволително, но дека сепак таа ќе остане уште извесно време таму.

Медиумите во ноември објавија дека таа се лекува надвор од Монако, затоа што е физички и емоционално исцрпена и сама донела одлука да побара лекарска помош.

Принцезата Шарлин веќе некое време не е видена во јавноста, а сега не се појави ниту на настан што никогаш не го пропушта

Не е познато каде е точно установата во која се лекува, но наводно е во Швајцарија. Шарлин секојдневно разговара со својот сопруг и децата, а и тие неколкупати ја посетија.

ФОТО | Најтажната принцеза Шарлин конечно ги виде своите деца!

Многумина сметаат дека принцезата се разболе поради брачни проблеми, но Алберт сите овие претпоставки ги негираше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот