Пријави за измама на повозрасни лица – Ги излажале дека членови од семејството направиле сообраќајка со смртни последици

фото Архива

Во СВР Скопје вчера се пријавени два случаи на измама на повозрасни лица. 75-годишна жена и 84-годишен маж пријавиле дека телефонски им било кажано дека блиски членови на нивните семејства направиле сообраќајки со смртни последици и дека е потребно да се плати одредена сума пари. Тие ја платиле бараната сума пари, по што се посомневале дека станува збор за измама и ги пријавиле случаите.

Вчера во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавителката, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати одредена сума за нејзината ќерка да биде ослободена, по што пријавителката ги оставила парите и личниот накит на локација која што и била претходно телефонски кажана.

Во 15.00 часот, пак, исто така во СВР Скопје, 84-годишен маж од Скопје пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од едно лице. Според пријавеното, лицето го контактирало телефонски пријавителот ѝ му кажал дека неговата внука направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека треба да се сретнат за да плати одредена сума за неговата внука да биде ослободена. Откако ги дале парите, пријавителите сфатиле дека се измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот