Пријателката на Матеј низ солзи ја опиша својата болка: Жал ми е што не му кренав кога ме побара

Фото: Колаж/Слободен печат

„Жал ми е што не му вратив, тоа најмногу ме боли…“

Ова се првите зборови на Маја С. од Сплит, која Матеј Периш се обидел да ја контактира на кобната вечер, само неколку часа пред да исчезне.

Да потсетиме, Периш таа вечер додека вечерал со пријателите во ресторан во Бетон Хол, на Инстаграм видел дека и таа е во Белград со пријателите, па и испратил порака, а потоа и се јавил. Маја С. во полиција изјавила дека не слушнала како нејзиниот телефон ѕвони во 22 часот и 29 минути ноќта на 30 декември. Сега таа во својата исповед за ТВ Прва рече дека тоа и е „најголемата болка“, бидејќи,  како што утврди српското МВР,  таа е последната личност што Матеј се обидел да ја контактира пред да исчезне.

– Жал ми е што не му се јавив, тоа најмногу ме боли, барем да ме известеше дека доаѓа во Белград, ќе им кажев каде да одат, што да прават – рече таа низ солзи за ТВ Прва.

Таа покажа и дека имала пропуштен повик од Матеј во 22:29 часот на 30 декември.

ФОТО: Убавата сплиќанка која последна се слушнала со Матеј, исчезна без трага: Откриено која е мистериозната девојка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот