ФОТО: Убавата сплиќанка која последна се слушнала со Матеј, исчезна без трага: Откриено која е мистериозната девојка

Фото: Колаж/Слободен печат

Информацијата дека Матеј Периш, исчезнатото момче од Сплит во Белград по кое се трага 16 дена, имало контакт со девојка од Сплит вечерта кога исчезна, ја разбранува јавноста.

Како што дознава српски Курир, станува збор за М.С. од Сплит, сопственичка на фирма на бродови која на 30 декември исто така била во Белград со свое друштво како и Матеј.

– Откако се дозна дека убавата девојка некако е поврзана со исчезнатиот Матеј, сите новинари од Хрватска се обидоа да стапат во контакт со неа, но таа сите ги блокирала и одбила да соработува со нив – вели изворот од Сплит.

Фото: Приватна архива

Тој вели дека ги избришала профилите на социјалните мрежи.

– Дури ги избришала и профилите на социјалните мрежи. Откако се дознало за неа во јавноста, многумина се прашуваат како била поврзана со исчезнатото момче, но набрзо било откриено дека пријател на Матеј е нејзин брат – вели тој.

Според зборовите на соговорникот на српски „Курир“, станува збор за пријател на исчезнатиот кој не сакал да тргне со нив на патувањето во Белград.

„Братот на М.С. не сакал да оди на патувањето затоа што сметал дека е рано да се забавува затоа што неодамна изгубиле пријател. Но, Матеј секако дека стапил во контакт со Сплиќанката“, вели изворот.

Девојката, според изворот на Курир, се слушнале неколку пати таа вечер кога исчезна Матеј.

Меѓутоа, М.С. е многу контрадикторна во своите изјави затоа што навела дека поради музиката во локалот не разбрала што ѝ зборува Матеј. Од друга страна изјавила дека видела само пропуштен повик од Матеј.

Фото: Приватна архива

Изворот од Сплит вели дека М.С. кога се прочуло во јавноста за случајот за Матеј, дури ставила и црна фотографија на својот профил на Фејсбук.

„Стави фотографија пред неколку денови и наводно жали по него. Сето тоа е чудно на некој начин, но и сомнително делува и нејзиниот исказ кој го дала во полиција. Меѓу другото, на надлежните власти им раскажала дека Матеј се занимавал со напорна работа (капетан на брод), бил многу амбициозен и за да постигне сè што ќе зацртал користел опијати“, навел соговорникот.

Претходно и таткото на Матеј изјави дека имал кус контакт со девојката пред полициска станица.

– Тоа беше случајна средба и таа тогаш ми кажа дека не се слушнала со Матеј, но дека имала пропуштен повик од него. Но тоа било 23 часа порано, кога тој бил поврзан на Вифи мрежа и кога била забележана неговата поледна активност на Ватсап – вели Ненад Периш за „Јутарњи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот