Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Пријателка на Метју Пери се огласи за последните недели: Беше лут и злобен поради примањето инјекции

Веста дека ѕвездата на „Пријатели“ Метју Пери почина на крајот на октомври на 54-годишна возраст, го шокираше светот, а многумина се запрашаа дали недозволените супстанцит имаат врска со тоа, бидејќи актерот, за жал, беше познат и по тоа. Лекарските анализи пристигнаа и се работи за предозирање со кетамин.

Сега се појавија нови информации – актерот всушност никогаш не бил „чист“. Тој во своите мемоари напиша дека конечно се изборил со демоните на зависноста со помош на тренерот за трезвеност и најдобар пријател.

По извештајот од обдукцијата на актерот Метју Пери, јавноста сега делумно знае како изгледале неговите последни денови.

Пријателка на актерот изјавила за „Пејџ сикс“ дека тој бил „лут и злобен“ во последните недели поради примање инјекции со тестостерон.

Покрај смртоносната количина на кетамин измешана со опиоидниот лек бупренорфин, кој се користи за ублажување на болката и помага при зависноста од опиоиди, Пери земал и тамоксифен за да ослабне, лекови против дијабетес и никотински лижавчиња, се наведува во извештајот.

Пред смртта, тој се обидувал да се откаже од пушењето. Неговиот асистент рекол дека пушел околу две кутии цигари дневно.

Медицинскиот истражител пријавил дека Пери земал препишани, но и лекови без рецепт.

– Во собата на помошникот имало повеќе отворени, празни и до половина полни шишиња со лекови што му биле препишани на Метју Пери, како и лекови без рецепт, витамини, помагала за варење и садови полни со разни таблети, капсули и бонбони – се вели во извештајот.

Во неговата бања имало „препишани масти, помагала за помош при варење, како и средства за плакнења на устата“.

Актерот добивал редовни инфузии на кетамин пред неговата смрт, но неговата последна инфузија се случила 10 дена пред да почине, а нејзиното дејство трае само три до четири часа.

– Поверојатно е дека се работи за рекреативна употреба на кетамин. Никако не треба да се даде кетамин на некој кој исто така користи бупренорфин. Тоа е вистински рецепт за катастрофа – изјавил невронаучникот, д-р Банколе Џонсон.

Пери претходно пишуваше за консумирањето на кетамин во своите мемоари од 2022 година. Тој напиша дека често се чувствувал како да умира во текот на третманот што го примал во центарот за рехабилитација во Швајцарија за време на пандемијата на коронавирусот.

– Земањето кетамин е како да ве удираат во глава со огромна среќна лопата. Но, мамурлакот беше тежок и ја надминуваше лопатата – напишал тој, истакнувајќи дека кетаминот не е за него.

Пери, всушност, не требало да оди на инфузија пред да почине. Неговиот анестезиолог д-р Атаоин рекол дека повеќе не му требаат третманите, бидејќи не бил депресивен во тоа време.

Понатаму, неименуваната жена со која разговарал истражителот објаснила дека актерот дури бил и расположен кога последен пат разговарале, неколку дена пред неговата смрт.

Актерката Џенифер Анистон, исто така, рече дека разговарала со Пери утрото на 28 октомври, неколку часа пред неговиот асистент да го најде во базенот на неговата вила вредна 4 милиони долари.

– Престана да пуши. Влегуваше во форма. Беше среќен. Се допишував со него тоа утро. Ништо не го болеше, не се мачеше, беше среќен – изјави таа за „Вариети“ по неговата смрт.

Пери во 2022 година откри дека потрошил околу 9 милиони долари обидувајќи се да остане трезен во текот на животот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот