Не е пронајдено телото на Матеј Периш/Фото: Скриншот

Пријателите на Матеј уште не можат да бидат испрашани во Хрватска, се разболеле од ковид

Инспекторите на српското МВР досега успеаја да утврдат каде се движел исчезнатиот Матеј Периш на кобната ноќ, но не и зошто.

„Се обидуваат да откријат зошто Матеј, сам и без јакна излегол од клубот „Готик“, во кој бил со пријателите. Исто така, се обидуваат да добијат одговор на прашањето зошто Матеј трча по излегувањето од клубот”, велат извори на српски Курир.

Изворот вели дека одговорот на овие „две важни прашања“, би можеле да ги дадат пријателите на Периш, кои пред неколку дена го напуштија Белград и се вратија во Сплит.

„Тие неколку пати беа испрашувани во Белград, минаа и полиграфско тестирање, а во Хрватска повторно ќе бидат сослушани. Но, некои од нив моментално се позитивни на ковид, па се чека да оздрават, за да можат да дадат изјави и да разјаснат уште некои нејаснотии”, рекол соговорникот на српски Курир

Според него, Матеј таа вечер сакал некаде да оди, бидејќи се обидел да сопре такси, но потоа од сосема нејасни причини заминал кон реката Сава, каде камерата последен пат го сними.

Началникот на Управата на криминалистичката полиција и помошник директор на полицијата на Хрватска, Антонио Геровац на прес-конференција изјавил дека пријателите на исчезнатиот Матеј се клучен извор на информации.

„Српската полиција детално разговарала со нив. Инспекторите кои работат на случајот се најискусни инспектори и морам да кажам дека станува збор за вистински професионалци. Хрватската полиција ќе преземе одредени работи во однос на пријателите, да се објаснат одредени нејаснотии кои постои во делот на исчезнувањето. Со нив ќе се водат разговори додека ние сметаме дека треба”, нагласил Геровац.

ВИДЕО | Српската полиција објави најново видео за исчезнувањето на Матеј Периш: Полицијата изврши реконструкција на движењето на сплиќанецот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот