Прифатена оставката на Божовиќ, футсалците имаат нов селектор – Слободен печат
СпортФудбал

Прифатена оставката на Божовиќ, футсалците имаат нов селектор

Скендеровски веќе ја водеше нашата најдобра селекција, во 2015 година беше на чекор до пласман на Европското првенство...

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на седница во „Куќа на фудбалот“ ги донесе следните одлуки:

Прифатена е оставката на Иван Божовиќ на местото селектор на македонската футсал А репрезентација. Управиот одбор на ФФМ го назначи Васил Скендеровски за нов селектор на нашите најдобри футсалци.

Скендеровски беше предводник на футсал репрезентацијата од 2002. до почетокот на 2016. година. Футсал репрезентацијата на Македонија под негово водство беше на чекор до пласман на Европско првенство 2015 година, а истата година гол разликата одлучуваше за пласманот на Македонија во бараж за Светско првенство. Со футсал тимовите на Скопје, Алфа Парф, Железарец и Велес има освоено 14 титули шампион на Македонија.

Воедно УО на ФФМ донесе одлука Фудбалската федерација на Македонија да донира фудбалски топки за заедничкиот проект со Федерација на училишен спорт. 110 училишта ќе добијат грасрут фудбалски топки за проектот „Фудбал сега – фудбал насекаде“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close