Причини поради кои и вас во средниот век би ве сметале за вештерка!

Обвинувањата за вештерство се засновале на факти што денес ни изгледаат сосема неважни, толку многу неважни што секој од нас – ако сме живееле во таа ера – сигурно би бил обвинет дека е вештер/ка.

Ловот на вештерки беше едно од најтемните поглавја во историјата. Многу жени (но и некои мажи) биле изгорени на клада затоа што биле обвинети дека се мисионерки на ѓаволот.

Од клада до затворски казни за последните три обвинети вештерки

Кога инквизицијата за наводните вештерки се чинеше дека е „резервирана“ само за варварските средновековни методи, во 1735 година Парламентот на Кралството Велика Британија донел нов закон со кој се предвидувал затвор за оние кои тврдат дека имаат „магични“способности, бидејќи тоа се сметало за ерес и за кривично дело. Овој закон бил наречен Закон за вештерство, а според него казната не била смрт, туку затвор до една година. Последните две жени, осудени за вештерство во историјата, биле уапсени во јули истата година и осудени во октомври. Законот за вештерство продолжил да се применува сè до 1950 година, иако последните запишани казни се овие на двете шкотски медиуми. Медиумката Данкан добила затвор 9 месеци, додека медиумката Џејн Ребека Јорк била казнета со пет фунти (сума која вредела многу во тоа време) и била набљудувана три години со ветување дека нема да се занимава со медиумски и други спиритуални практики.

Не е познато колку луѓе биле обвинети за вештерство во тоа време. Само во Европа, приближна проценка е на околу 60 000 луѓе погубени за вештерство. Во Северна Америка пак, пуританците стравувале дека постојат многу обожаватели/ки на ѓаволи, а во судењета на „вештерките“ честопати биле вклучени лажни сведоци против осомничените. Најпознати од сите се судењата во Салем, во кои над десетина невини биле погубени – спалени на клада, откако биле обвинети за вештерство.

Сепак, обвинувањата за вештерство се засновале на факти што денес ни изгледаат сосема неважни, толку многу неважни што секој од нас – ако сме живееле во таа ера – сигурно би бил обвинет дека е вештер/ка.

Profimedia

Главните обвинувања за вештерство

Првата „грешка“ била да се биде жена, бидејќи Црквата во тоа време била машка и шовинистичка, сè уште немало монахињи, и покрај фактот дека има спомен на жена која живеела во 300 година по Христа, наречена Паола од Рим, подоцна прогласена за светица. Сексизмот бил во основата на многу обвинувања за црна магија и најмалку три од четири жени биле осудени на смрт под обвинение дека биле вештерки. Ова не значи дека мажите не биле мета, но жените имале поголема шанса да бидат прогласени за вештерки. Според повеќето извештаи, околу 75% од сите луѓе погубени за вештерство во Европа помеѓу 1580 и 1630 година биле жени. Пуританците пак, ја сметале Ева за вистинската (и прва) виновничка за првобитниот грев, затоа што го убедила Адам да се соблече и да се јаде од плодовите забранети од Бога.

Идентитет на вештерка

Во средината на XVII век, се појавила популарната идеја за тоа како изгледа една вештерка. Познати ви се маските со брадавици и долги и искривени носеви за Ноќта на вештерките? Токму оваа традиција датира уште од времето на прогонствата. Според инквизиторите знаци за вештерка биле видлива брадавица, искривен нос, маана на ногата (поткривнување), подгрбавен грб… Јасно е дека знаците не биле доволни за една вештерка да се осуди на смрт – сомнителната жена најпрво била сослушана зад затворени врати, ѝ биле поставувани незгодни прашања, а потоа била судена јавно пред големо жири. Сепак, многу жени биле обесени под обвинение за вештерство повеќе заради нивниот изглед отколку за често смешните и тривијални неосновани обвиненија.

профимедиа

Еден од најпознатите инквизитори бил англискиот пуританец Џон Гаул (1603 – 1687), кој во 1640 година се сметал за авторитативен „експерт“ за наоѓање вештерки. Неговата филозофија била дека „секоја постара жена која има збрчкано лице, наборено чело, изразена усна, тртка во блина на устата, закривен заб, полузатворено око, пискав глас или долг јазик, не само што е сомнителна, туку е и извесно дека е вештерка“.

Сега, обидете се да замислите колку жени, особено постари лица, би можеле да ги имаат овие карактеристики. Ловот на вештерки беше само луд изговор за добро инжениран фемицид од Црквата во тоа време.

Вештерки затоа што се бездетни

Кога децата ќе се разболеле без некоја очигледна причина, се верувало дека за тоа е виновна бездетната жена која живеела во истото село и ги проколнала од љубомора или инает. Многу обвинувања за вештерство биле изнесувани токму кога деца ќе се разболеле или умреле без некое медицинско образложение. Историски пример беше судењето на вештерките од Салем, каде што во зимата помеѓу 1691 и 1692 година, Елизабет „Бети“ Парис (на девет години) и Абигејл Вилијамс (единаесет години), ќерка и внука на Самуел Парис, почнале да се однесуваат на необичен начин – се криеле зад мебелот и ползеле по подот. Ниту еден лекар не можел да даде вистинско објаснување за „болестите“ на девојчињата, освен еден, д-р Вилијам Григс, кој изјавил дека постои само една можност: дека се под контрола на ѓаволот! И кои биле осомничени? Многу жени без деца биле обвинети дека биле љубоморни на мајките на тие девојчиња и дека користеле практики на црна магија само за да ги натераат да страдаат. И, ако мислите дека овој начин на размислување е исчезнат во светот, грешите: во некои делови на светот, дури и денес, жените без деца се обвинети за нанесување зло или вештерство против деца со тешки физички или психички нарушувања.

профимедиа

Ознаката на ѓаволот

Во тоа време се верувало дека повеќето вештерки имаат трага по телото и дека ѓаволот ја ставил таа трага на нив. На пример, лузна, бемка или билокаков белег на лицето. Но, ако жена обвинета дека е вештерка немала знак на лицето,  мислите дека се сметала за невина? Не, туку отсуството на знак значело дека таа е особено посветена на сатаната и затоа самиот тој ги сокриел знаците.

Обвинетата вештерка пак, честопати била натерана да ја повлече својата (вистинска) приказна признавајќи ја лажната, односно да се покае, за да избегне смрт.

профимедиа

Еве за што уште можеле да ве обивнат за вештерство: Да бидеш обвинет за вештерство доволно било дома да имате млеко или путер со истечен рок на траење; да одгледувате билки во куќата за да направите чаеви – се сметало дека билките се користат за правење и фрлање магии; меѓу жените обвинети за вештерство, многумина биле бабици – биле обвинувани дека при породувањето користеле црна магија за животот на детето да тргне наопаку, да се роди со малформации или рано да почине; оние пак кои им помагале на жените да се ослободат од несаканата бременост се сметале за диретни посредници на ѓаволот; постарите жени, пспбено оние без сопруг или деца кои живееле малку изолирани биле една од омилените цели на инквизицијата.

Па ако некогаш сте се запрашале зошто вештерките денес честопати се прикажуваат како подгрбавени старици кои живеат со своите мачки некаде далеку во шумата…Ете, не случајно, тоа е поради овие факти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот