При потрагата по „Титан“ регистрирани се подводни звуци во северниот дел на Атлантскиот Океан

Фото: Профимедиа

Kанадски авион регистрирал подводни звуци во северниот дел на Атлантскиот Океан, со што се пренасочува потрагата по исчезнатата подморница „Титан“.

Екипите кои трагаат по исчезнатата подморница вчера слушале удари на секои 30 минути и повторно четири часа подоцна по распоредувањето на хидролокатори.

Во спасувачката мисија се вклучени американската и канадската крајбрежна стража.

Покрај група меѓународни бродови и авиони, подводен робот започна со потрага во близина на потонатиот брод Титаник, а се прават напори и да се достави спасувачка опрема до местото, во случај да биде пронајдена подморницата.

Капетанот Џејми Фредрик од американската крајбрежна стража на вчерашната прес-конференција информираше дека спасувачките екипи пребарале површина од над 19.000 квадратни километри.

Меѓу патниците во подморницата се двајца британски државјани со пакистанско потекло, бизнисменот Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман, британскиот милијардер Хамиш Хардинг и францускиот истражувач Пол Анри Наргуле.

Подморницата кога тргна на патувањето имаше резерви кислород за четири дена, а сега преостанат е кислород за до утре наутро.

Проколнатиот „Титаник“ по 111 години може да земе уште пет жртви

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот