Домен Превц/ EPA/ANNA SZILAGYI

Превц во Кортина скокна пет метри повеќе од рекордот, но резултатот нема да се брои

По возбудувањата на малата скокалница, каде што се одржаа поединечните натпревари во машка и женска конкуренција, како и мешаниот тимски настап, сега на ред е големата скокалница која е резервирана за најдолгите летови.

Уште на првиот официјален тренинг вниманието го украде Словенецот Домен Превц. Тој изведе импресивен скок од неверојатни 143,5 метри, лет што ги воодушеви присутните и најави спектакл во продолжението од натпреварувањето.

Интересно е што овој обид беше дури пет метри подолг од актуелниот рекорд на скокалницата од 138,5 метри. Сепак, бидејќи станува збор за тренинг-сесија, резултатот нема да влезе во официјалната статистика.

Сепак, Превц така покажа дека е во врвна форма и сериозно најавува борба за самиот врв на големата скокалница.

Словенија издоминира и го одбрани златото во ски-скокови

ВИДЕО | Двојно славје на Домен Превц во Вилинген

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот