Ника Превц, Ника Водан, Анже Ланишек и Домен Превц/EPA/FILIP SINGER

Словенија издоминира и го одбрани златото во ски-скокови

Словенија ја одбрани титулата олимписки шампион во мешаната екипна конкуренција во скијачки скокови, повторувајќи успехот од претходните Зимски олимписки игри.

Ника Превц, Ника Водан, Анже Ланишек и Домен Превц ѝ донесоа ново олимписко злато на Словенија и убедливо ја победија конкуренцијата на малата скокалница.

До најсјајниот медал стигнаа со вкупно 1.069,2 поени, дури 30,9 повеќе од Норвешка, која се закити со сребро. Бронзата ја освои Јапонија со 1.034 поени, оставајќи ја Германија без медал.

Словенците од самиот почеток на натпреварот имаа убедлива предност, а патот кон златото го отвори Ника Водан со скок од 100 метри. Предноста дополнително ја зголеми Анже Ланишек.

Ника Превц скокна нешто пократко од очекуваното, 97,5 метри, но и тоа беше доволно Словенија да ја задржи водечката позиција. Потоа Домен Превц се погрижи словенечката селекција во финалната серија да влезе со речиси 10 поени предност пред ривалите.

Финалната рунда беше вистинска демонстрација на словенечката доминација. Ланишек со фантастичен скок од 101 метар целосно ја уништи конкуренцијата и донесе предност од 20,7 поени, по што за Норвешка веќе немаше ниту надеж за пресврт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот