Плакат за претставата во Албанскиот театар во Скопје

Претставата „Носорози“ од Ежен Јонеско ќе има изведба во Албанскиот театар во Скопје

Албанскиот театар – Скопје, во соработка со Францускиот институт во Скопје, ја најави изведбата на театарската претстава „Носорози“ од Ежен Јонеско, која ќе се одржи во четврток, 12 февруари 2026 година, со почеток во 20 часот, во Албанскиот театар – Скопје.

„Носорози“ е едно од најзначајните дела на театарот на апсурдот и силна алегорија за искушението на конформизмот и губењето на индивидуалноста.

Оваа нова продукција на Албанскиот театар – Скопје е во режија на Васил Василев (Бугарија) и нуди современ сценски пристап кон култниот текст, останувајќи верна на оригиналот, а истовремено отворајќи простор за критичко преиспитување на актуелните општествени предизвици.

Претставата ќе се изведува на албански јазик, со превод на македонски и на француски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот