Претседателот Пендаровски ги прими ракометните кадети по триумфот на ЕХФ шампионатот во Латвија

Кадетската машка репрезентација со трофејот и претседателот Стево Пендаровски/Фото: Press President.mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими македонската машка кадетска ракометна репрезентација, по освоеното прво место на ЕХФ шампионатот (до 18 години) месецов во Летонија, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски упати честитки за одличната тимска игра, истакнувајќи дека импресионира патот до шампионската титула без ниту еден пораз и фактот што во идеалниот тим на шампионатот се избрани четворица македонски репрезентативци.

– Горди сме што кадетската репрезентација со супериорниот триумф ја продолжува традицијата на одлични резултати во македонскиот ракомет, како еден од нашите најуспешни спортови, рече претседателот Пендаровски пред македонските репрезентативци.

На средбата претседателот Пендаровски на кадетите им посака натамошни успеси, откако со триумфот на ЕХФ шампионатот во Латвија обезбедија место на кадетското светско првенство 2023 година и на младинското европско првенство 2024 година.

Потсетување дека на ЕХФ шампионатот избраниците на селекторот Раде Стојановиќ забележаа „пет од пет“, остварени победи над Турција, Косово, домаќинот Латвија, Луксембург и во финалето селекцијата на Швајцарија.

Стојановиќ: Победите се резултат на работа, веруваме во играчите дека можат уште повеќе и уште подобро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот