Претседателот на Мис Универзум ги продава акциите: „Секој сака да ми го наметне своето мислење, доста ми е“
Претседателот и сопственикот на престижната организација Мис Универзум, Раул Роча, ги изненади сите кога во едно неодамнешно интервју изјави дека планира да го продаде својот удел, само неколку дена по финалето на изборот пренесува „Пипл“.
Препорачано
За време на разговорот со водителката Адела Миха, Роча објасни дека поседува 50 отсто од акциите во организацијата. Потоа откри дека сака да ја пренесе одговорноста:
„Ова е како тест, како штафетна трка. На кого да ја предадам палката?“
На прашањето зошто го прави тоа толку брзо, само две години откако застана на чело на Мис Универзум, Роча одговори:
„Работата е во тоа што ми е доста. Доста ми е од сите тие приказни. Не сум личност што поднесува такви работи“.
Тој додаде дека, иако е сопственик и претседател, секој му наметнува мислење кога е во прашање неговата работа.
„Сакаат да дојдат и да ти кажат какви одлуки да донесеш, како да ги донесеш, зошто вработуваш луѓе, зошто ги отпушташ, па повторно ги враќаш“.
Годинава изборот го потресоа бројни скандали
Голем број контроверзии ја погодија овогодишната манифестација. Најголем скандал избувна кога членот на жирито, музичарот Омар Харфуш, даде оставка, тврдејќи дека списокот со Топ 30 финалистки бил однапред одреден.
Дополнителен инцидент се случи на почетокот на месецот, кога на еден состанок дошло до судир помеѓу мексиканската мис и годинашна победничка Фатима Бош, и извршниот директор на изборот, Навад Итсарагрисил. Роча веднаш реагирал, му забранил учество на Итсарагрисил и вовел санкции против него.
ФОТО+ВИДЕО | Фатима Бош e новата Мис Универзум: Убавицата триумфираше и покрај скандалот во Тајланд


