Претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум/EPA-EFE

Претседателката Шејнбаум ја обвини Америка дека се меша во внатрешните работи на Мексико

Претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, рече дека една агенција на американското Министерство за правда побарала апсење на 10 Мексиканци. Според неа, меѓу нив има гувернер, градоначалник и актуелен сенатор.

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум вчера ги обвини САД дека се мешаат во внатрешните работи на нејзината земја, објави „Блумберг“.

— Не прифаќаме мешање. Ние сме слободна, независна и суверена земја — им рече Шејнбаум на своите поддржувачи, на митинг во Мексико Сити по повод втората годишнина од нејзината изборна победа.

Претседателката рече дека една агенција на американското Министерство за правда побарала апсење на 10 Мексиканци заради екстрадиција. Според Шејнбаум, меѓу нив има гувернер, градоначалник и актуелен сенатор. Таа не ги именуваше и не даде дополнителни детали. Информацијата првично не можеше независно да се провери.

— Ако странски држави одлучуваат кој е виновен, а кој не, или вршат притисок врз мексиканските институции, тогаш тоа веќе не е соработка, туку мешање. Мексико не е ничија пињата (фигура што најчесто ја удираат деца со стапови додека од неа не испаднат слатки) — рече Шејнбаум.

Претседателката ги повика своите поддржувачи во наредните недели да организираат информативни настани на јавни плоштади за да ја објаснат одбраната на националниот суверенитет.

Нејзините коментари доаѓаат во време на сè поголема дебата во Мексико за странското влијание врз изборите.

Парламентот неодамна одобри уставна реформа поддржана од владејачката партија Морена на Шејнбаум, со која би се овозможило поништување на избори доколку се докаже странско мешање.

Мексиканска помош пристигна на Куба, во екот на економската и енергетска криза

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот