Претседателите на парламентите на Западен Балкан ќе се состанат во понеделник во Брисел

Претседателите на парламентите на Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и претседателот на Собранието на Косово ќе се состанат в понеделник во Брисел, на иницијатива на претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли.

Како што е соопштено од ЕП, на овој втор самит на претседателите на парламентите на Западен Балкан, тие ќе разговараат со Сасоли за клучната улога на парламентите во процесот на проширување на ЕУ во „пост-ковидов ерата”.

По тој повод, претседателите на парламентите ќе се сретнат и со членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

На состанокот ќе присуствуваат и претседателите на парламентите на Португалија и на Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот