Претреси во Скопје за злоупотреби со тендери, осомничените наводно се блиски до власта
„Коха“ денеска објави дека тројца луѓе се осомничени за фалсификување документи и нелегално учество на тендери, а полицијата извршила претреси во нивните домови.
Препорачано
Според извори на „Коха“, станува збор за луѓе со иницијали Б.Г. (39), В.Р. и Н.С.Б., кои се уапсени, а подоцна пуштени на слобода за понатамошна постапка. За време на рациите во нивните домови, истражителите заплениле материјали и докази поврзани со истрагата. Како што наведува порталот, тројцата се осомничени дека фалсификувале документација и ја користеле за учество на тендери на државни институции, главно во Општина Чаир. Весникот „Коха“ наведува дека еден од осомничените, 39-годишниот Б. Х., работи како раководител на оддел на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe.
Повеќе други медиуми објавија дека осомничениот е роднина на актуелниот градоначалник на Чаир и поранешен вицепремиер и министер, Изет Меџити.
Наспроти овие информации, полицијата за „360 степени“ вели дека претресите биле извршени поради сомневање за кривични дела „фалсификување на службена исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина.“
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
35мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


