Претреси во Скопје, приведени две лица осомничени за кражби

Македонска полиција / Фото: МИА

Полицијата по претходно добиена судска наредба вчера изврши претрес во домот на Т.Б.(41) од Скопје, кој бил фатен и лишен од слобода веднаш по извршено кривично дело „кражба” во трговски центар на подрачјето на Аеродром.

Како што соопшти МВР, вчера со судска наредба извршен е претрес и во домот на Џ.П.(52) од Скопје, кој бил лишен од слобода по извршена кражба.

При претресот во домовите на двајцата сторители се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела „кражба” и „тешка кражба”, казниви по член 235 и 236 од Кривичниот законик, кои ќе бидат вратени на сопствениците.

По целосно расчистување и документирање на случајот против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот