Претходното раководство на „Пошта“ планирало да го издаде објектот на главната зграда за ресторан со кабаре, тврди Николоски
Министерот за транспорт Александар Николоски тврди дека претходното раководство на Македонски пошти планирало да го издаде објектот на главната зграда за ресторан со кабаре.
Препорачано
По денешната посета на седиштето на ЗЕЛС, Николоски коментирајќи го извештајот на Државниот завод за ревизија за Македонски пошти, изјави дека ревизијата не е ништо ново ниту изненадувачко.
– Добро е што ова го слушнавме и од ДЗС. Очекувам Јавното обвинителство да реагира, да влезе и да утврди одговорност за сите оние кои работеле несовесно и незаконски – посочи Николоски.
Според него, планот на актуелната влада и Министерството за транспорт е централната зграда на Македонски пошти да биде мултимедијален и културен центар
– Пошта беше еден од моите први предизвици како министер за транспорт, вели Николоски и најави дека поради утврдените слабости во моментот се работи на реорганизација на дел јавните претпријатија, како и дека минатото раководство и Влада имале за цел да ја уништат Македонски пошти, по цена на неколку нови приватни компании кои би се занимавале со овој поштенски бизнис.


