Препознајте го првиот симптом кој открива дека вашиот црн дроб е во опасност

Profimedia
Фото: Профимедиа

Поради важноста на црниот дроб за функционирањето на организмот, поточно за животот генерално, многу е важно навреме да ги препознаете раните знаци на заболување на црниот дроб и да побарате помош од лекар!

Црниот дроб е еден од најважните органи во телото, тој е одговорен за чистење на крвта и за филтрирање на токсините. Без здрав црн дроб, нема ниту здрав организам, се согласуваат сите лекари. Ако црниот дроб не функционира правилно, тоа може да доведе до сериозни, па дури и до фатални последици по здравјето.

За овој орган најдобро ќе се погрижиме ако јадеме здраво и пиеме многу течности.

Честопати, болеста на црниот дроб се развива без пациентот да забележи, бидејќи симптомите се мешаат со некои повеќе безопасни состојби. Па, како тогаш да знаеме дали нешто не е во ред со црниот дроб?

Profimedia
Profimedia

Задржувањето на водата во телото е најчестиот сигнал за болести на црниот дроб, покажуваат медицинските извештаи. Кај речиси 50 отсто од пациентите е забележано задржување на водата во телото. Задржувањето на водата може да се открие така што нозете ќе ви бидат отечени, но и стомакот.

Оваа состојба се појавува кога црниот дроб повеќе не може да произведува албумин, протеин што го спречува течењето на течностите од крвните садови во ткивата.

Други симптоми кои може да укажуваат на болест на црниот дроб

– Жолтица, позната и како пожолтување на белките во очите или на кожата. Оваа состојба се случува кога црниот дроб повеќе не е во можност да произведува билирубин, природна хемикалија која ја произведуваат црвените крвни зрнца, па затоа таа се таложи во очите и на кожата. Ова е симптом на посериозно заболување на црниот дроб, а може да доведе и до откажување на овој орган. И ноктите и врвовите на прстите може да пожолтат, а причината за овие промени е тоа што црниот дроб не ги исфрла токсините, па билирубинот почнува да се таложи под кожата.

– Крвавење, предизвикано кога повреденото ткиво на црниот дроб спречува обработка на доволна количина на крвта. Тогаш крвта оди во местата како што се дигестивниот систем и хранопроводот, па може да се случи да повратите крв или таа да се појави во столицата.

– Бледа столица, што може да укажува дека црниот дроб има проблеми со обработката на билирубинот.

Profimedia
Profimedia

– Чешање на кожата, предизвикано од вишокот сол (билирубин), која се таложи под кожата. Ран знак за проблеми со црниот дроб може да биде и чешањето на кожата, кој прогресивно се влошува со текот на времето. Ако вашата кожа е чувствителна на допир и лесно доаѓа до воспаление, тоа исто така може да биде знак за проблеми со црниот дроб. Редовната хидратација и соодветен крем ќе ја ублажат непријатноста, но мора да се обратите кај лекар.

– Проблеми со стомакот. Грчевите или болката во долниот дел на стомакот исто така може да бидат знак дека нешто не е во ред со црниот дроб. Исто така, тука е и појавата на гасовите и притисокот што ги придружува. Со текот на времето, ако проблемот се влоши, може да се појави асцитес (ascites) – таложење на течност во внатрешноста на стомачните ѕидови. Ова дури може да го промени притисокот во белите дробови и да го отежни дишењето, што бара лекарска интервенција.

Ако имате некој од овие симптоми, секако е потребно да контактирате лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот