ПРЕМИЕРОТ НА АВСТРАЛИЈА ДОБИ ЈАЈЦЕ ВО ГЛАВА: Уапсена една жена (ВИДЕО)

Една жена е уапсена откако фрлила јајце врз австралискиот премиер Скот Морисон за време на настан во рамки на кампањата за изборите, кои ќе се одржат на 18 мај, соопшти полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс.

Како што пренесуваат австралиските медиуми, обезбедувањето брзо ја совлада и тргна 25-годишната жена.

Според полицијата, никој не е повреден во инцидентот.

Морисон на Твитер напиша дека жената која го удри со јајце е „кукавичка активистка“.

Тој го пофали своето обезбедување кое реагираше брзо и изрази загриженост за состојбата на една постара жена која паднала за време на метежот.

Инцидентот се случи во Олбери, кој се наоѓа на околу 330 километри југоисточно од Канбера.

 

Бонус видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот