Премиер лигата е милји пред Серија А

Италијанскиот шампион, Јувентус го претстави новиот тренер Маурицио Сари со кого ќе се обидат да дојдат до трофејот кој беше недостижен за Масимилијано Алегри, тој од Лигата на шампионите.
Сари по само една година мината во Челси, се врати во родната Италија и тоа на клупата на најголемиот клуб.

– Кога заминував од Наполи, сакав да работам во странство. Уживав во Англија, но во еден момент почувствувам голема носталгија. Луѓето ме пречекаа со раширени раце, а Јувентус е најголем клуб во Италија. Водењето на Јувентус е круна на мојата тренерската кариера во која одев чекор по чекор, од Серија, Серија Б, Серија А, Премиер лигата и сега Јувентус – беа првите зборови на Сари.

Италијанецот се обиде на направи споредба помеѓу Серија А и Премиер лигата, но неговите зборови сигурно нема да им се допадне на Италијанците.

– Премиер лигата е милји пред Серија А и имаме многу долг пат да поминеме за да стигнеме до тоа ниво. Разликата во инфраструктурата е огромна. Гостувајќи по стадионите низ Англија, сфатив колку лоши услови имаме во некои делови во Италија. Атмосферата е поинаква, таму поразите не се доживуваат толку трагично како во Италија – зборува Маурицио Сари.

Невообичаено за него, Маурицио Сари на официјалната презентација се појави во одело.
– За тоа ќе разговараме допрва. Сите знаат дека не сум човек кој обожува сако и кравата. Знам дека ваквата гардероба е задолжителна на клупските настани, но ќе видиме како ќе биде на теренот. Најважно е стар човек како мене да не го пратат гол на натпревар – се нашали новиот стратег на Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот