ПРЕМИЕР ЛИГА: Стоп за лицата постари од 70 години на стадионите

EPA-EFE/NEIL HALL

Англиската влада ги повика спортските федерации но и медиумите за да ги договорат идните мерки поврзани со епидемијата на коронавирусот.

Состанокот треба да се одржи во понеделник во Лондон, а не него една од темите ќе биде и за евентуалните мерки доколку епидемијата се прошири.

Новинарката на Скај њуз, Марта Келер, прокоментира што би можело да се случи со Премиер лигата во случај на ширење на епидемијата на коронавирусот.

– Лигата е подготвена некои натпревари да се одиграат пред празни трибини доколку тоа го предложи министерството за здравство по примерот на останати европски држави – вели Келер која додава:

– Се подразбира дека играњето без гледачи би било подобро од одложување на натпревари од Премиер лигата. Покрај тоа се разгледуваат и други опции. Можно е да се препорача или да им се забрани влез на стадионите на лица постари од 70 години бидејќи тиа се најризичната група – вели новинарката.

Интересно е што доколку се воведе ваква забрана, тогаш Кристал Палас најверојатно ќе остане без тренер на натпреварите бидејќи Рој Хоџсон има 72 години.

Засега во Премиер лигата нема одложување на натпревари или други забрани,освен таа дека играчите не смеат да се ракуваат пред почетокот на средбите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот