Премиер лига: Чудесен пресврт на Челзи против Арсенал! (ВИДЕО)

фото/твитер

Слават навивачите од „Стемфорд бриџ“, Лондон е во сина боја, фудбалерите на Лампард ја забележаа 11. победа оваа натпреварувачка сезона.

Денеска во лондонското дерби Челзи триумфираше на гостувањето кај Арсенал со конечен резултат 1:2 на „Емирати“ стадионот во рамките од 20. коло во Премиер лигата.

После првото полувреме водеше Арсенал, во 13. минута по изведениот корнер Чемберс го пронајде Обамејанг, а овој од непосредна близина ја затресе мрежата на Аризабалага.

Во вториот дел, поточно во последните 10 регуларни минути играчите на менаџерот Лампард направија комплетен пресврт.

Во 83. минута еден безилезен центаршут на Маунт од левата страна, и промашено „боксување“ на Бернд Лено, се претвори во лесен гол за Жоржињо на втората статива, но тука не беше крајот.

Менаџерот Артета и на Пепе му даде шанса за настап, веднаш неговата екипа имаше опасен напад, но наместо нов погодок кој ќе ја врати добрата атмосфера кај домашните навивачи, се „отвори“ контра за Челзи кој во 87. минута, после нападот на Вилијан, ја реализираше преку Тејми Абрахам.

На табелата после освојувањето на трите бода лондонските „сини“ моментно се наоѓаат на четвртото место со 35 бодови, додека „топчиите“ на 12 позиција со 24.

Неделната програма ќе биде збогатена за уште два натпревари, од 17.30 часот Ливерпул е домаќин на Вулверхемптон, додека Манчестер сити од 19.00 часот ќе го пречека Шефилд јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот