Преку видео-конференциска врска во Кривичен ќе сведочи Ресмије Аземи за „Титаник 3″

Фото: МИА

Адвокатот Мефаил Арслани, правен застапник на обвинетиот Ејуп Алими, за МИА, изјави дека на денешното рочиште се закажани судските рочишта за 3, 16 и 18 март на кои треба да сведочи сведокот Аземи.

Кривичниот суд во Скопје ги усогласил термините со Судот во Германија, преку кој треба да се реализира видео – конференциската врска со сведокот Ресмије Аземи, за судскиот предмет „Титаник 3″.

Адвокатот Мефаил Арслани, правен застапник на обвинетиот Ејуп Алими, за МИА, изјави дека на денешното рочиште се закажани судските рочишта за 3, 16 и 18 март на кои треба да сведочи сведокот Аземи.

Судскиот предмет за „Титаник 3″, подолго време се води пред Кривичниот суд во Скопје. Досега оваа судска постапка два пати почна од почеток. Обвинението за овој предмет го покрена СЈО, а се работи за изборни нерегуларности сторени во локалните избори во Општина Чаир, одржани во 2013 година.

Судскиот процес го води судијката Марија Клетничка, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот