Тајландска војска EPA-EFE/NARONG SANGNAK

Прекинот на огнот меѓу Тајланд и Камбоџа трае 72 часа

Обновено примирје меѓу Тајланд и Камбоџа поради граничните судири е во сила веќе 72 часа, но сè уште нема информации за очекуваното ослободување на 18 камбоџански војници притворени од јули.

Прекинот на огнот стапи на сила во саботата, со што се запреа 20-дневните борби во кои загинаа најмалку 101 лице и се раселени повеќе од половина милион, објави Ројтерс.

Тајландските власти претходно ја обвинија Камбоџа за кршење на примирјето со користење на повеќе од 250 беспилотни летала, обвинение кое Пном Пен го негираше, објави Танјуг.

Кинескиот министер за надворешни работи беше домаќин на дводневни разговори со претставници на Тајланд и Камбоџа, согласувајќи се дека двете страни ќе работат на враќање на меѓусебната доверба и прекин на огнот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот