Прекинато снимањето на „Џејмс Бонд“: Даниел Крег доживеал тешка повреда

Британските таблоиди “Daily Mail” и “The Sun” пренесоа информација дека снимањето на новото продолжение за тајниот агент Џејмс Бонд ненадејно било прекинато. Истите медиуми истакнуваат дека големо „проклетство“ го следи новото продолжение на франшизата.

Прво главниот режисер на филмот, Дени Бојл, ненадејно одлучил да ја прекине соработката со продукциската куќа која била задолжена за снимање на продолжението на филмот.

Откако актерската екипа во прилично изменет состав на Јамајка неодамна го одржала завршниот состанок на кој биле прецизирани новите детали за филмот, главниот актер Даниел Крег доживеал повреда во текот на снимањето на една од првите сцени од филмот.

Како што јавуваат британските медиуми, Крег во една возбудлива сцена требало да претрча одредена делница, при што паднал и си го повредил зглобот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот