Прегрнувајте се често: Еве како нашето тело реагира на искрена прегратка

Пар / љубов
Фото: Pexels/Ketut Subiyanto

Искрените прегратки со членовите на семејството, пријателите и партнерот имаат лековито дејство врз нашето тело. Според истражувањата на американските експерти, гушкањето го зголемува нивото на окситоцин во телото. Окситоцинот го нарекуваат и „хормон на љубовта“ и е одговорен за емотивната поврзаност со другите луѓе.

Луѓето на кои им недостасува окситоцин помалку се смеат, живеат сами, сакаат да работат професии без комуникација со други луѓе и, всушност, се најсреќни кога се сами. Жените на кои им недостасува овој хормон имаат проблеми со постигнување оргазам, а мажите тешко воспоставуваат длабоки љубовни врски.

Окситоцинот го намалува количеството на кортизол („хормон на стресот“) во телото, а со тоа го намалува и ризикот од срцеви и други болести.

Научниците направија мал тест со заљубен пар. По гушкање околу 20 секунди, нивото на окситоцин во нивните тела се зголемило. Ова ниво се зголемило и при прегратките со пријателите, но количината на окситоцинот не била толку висока како кај вљубениот пар.

„Науката покажа дека допирот има многу важно влијание врз физичкото и менталното здравје. Докажано е дека допирот го намалува крвниот притисок, го зајакнува имунолошкиот систем и ја ублажува болката. Прегратките ослободуваат окситоцин, хормон кој прави луѓето да се чувствуваат безбедно. Овој хормон го намалува нивото на кортизол и на тој начин го намалува стресот, анксиозноста и осаменоста“, објасни д-р Ентони Грант, психолог од Австралија, кој исто така ја истражувал оваа тема.

Тој додаде дека долгите прегратки го зголемуваат и нивото на серотонин, хормон одговорен за доброто расположение и чувството на среќа. Затоа, гушкајте ја саканата личност што почесто!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот