Прегладнета поларна мечка залута во град

Изгладнета поларна мечка залута илјадници милји од своето природно живеалиште во Арктикот во рускиот индустриски град Норилск во северниот дел на Сибир, јавува британски „Гардијан“.

Видливо слабата и болна мечка лежеше на земјата неколку часа по поминатиот долг пат во потрага по храна. Нејзините шепи беа покриени со кал и повремено се креваше, обидувајќи се да намириса храна.

Според локалните жители, ова е првата поларна мечка видена во градот по повеќе од 40 години.

„Сѐ уште кружи околу фабриките, а полицијата и другите надлежни служби се наоѓаат на самото место“, изјави Александер Коробкин, претставник за заштита на животната средина.

Тим од експерти ќе пристигне во градот денес за да го испита животното и да одлучи за неговата судбина.

Глобалното затоплување и климатските промени ги уништија ледените површини населени со поларни мечки, а животните се принудени да бараат храна на копното доаѓајќи во близок контакт со луѓето во населените места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот