Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Жена е прегазена на пешачки во Струмица, возачот избегал

Седумдесет и шестгодишна жена од Скопје е тешко повредена откако во неа удрил мотоцикл на улицата Младинска во Струмица, по што возачот го напуштил местото на несреќата.

„На 6 март 2026 година околу 17:40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улицата „Младинска“ мотоцикл удрил во 76-годишната А.Н. од Скопје, по што возачот го напуштил местото на настанот. Жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Струмица3 соопшти МВР.

За настанот е известен јавен обвинител, извршен е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот