Прегазен малолетник во Тетово, со тешки повреди пренесен во болница

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Малолетен пешак бил прегазен вчера во Тетово при што се здобил со тешки повреди.

„На 12.02.2024 во 16.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул.„Браќа Миладинови” и бул.„Илинденска” во Тетово, патничко моторно возило „ауди” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.М.(39) од с.Речане, гостиварско, удрило во малолетен пешак од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клинички центар Тетово“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот