Предности и недостатоци: Кои се најисплатливи материјали за кујнски садови

Unsplash
Unsplash

Ако сте во потрага по добри садови за готвење, сигурно сте збунети од понудата и не можете да се решите меѓу тави од алуминиум или од не’рѓосувачки челик. Време е да научите како да ги изберете најдобрите садови што ќе одговараат на вашите потреби

Иако никогаш не би помислиле, сепак купувањето квалитетни садови за готвење може да биде прилично проблематично. Дали да изберете според цена или според познат бренд? Но ни тоа нема да е гаранција дека сте направиле добар избор, поради што време е да ги научите сите трикови за избор на добра тава.

Од леено железо

Овие садови се користат веќе стотина години, а има многу причини зошто и денес се употребуваат. Материјалот е многу издржлив и добро ја задржува топлината и покрај тоа со правилно одржување садовите можат да ви траат со децении. Но недостатоците се што бараат редовно чистење за да не за’рѓа, тешки се, реагираат на кисела храна, им треба многу време за загревање, притоа во одреден вид храна испуштаат мала количина железо, но не е опасно по здравјето.

Емајлирано леено железо

Овие садови го нудат најдоброто од лееното железо, а не бараат строго и темелно чистење. Лонците и тавите изработени од овој материјал можат да варираат во цена од евтини до многу скапи. Добар совет е сепак да избегнете евтини примероци бидејќи тие лесно се лупат и губат боја. Предност е што храната не се лепи за дното, добро ја спроведува и задржува топлината. Недостиг е што се скапи, тешки и им треба подолго време да се загреат.

 Еколошки садови

Овие се релативно нови садови направени од посебен материјал за кој храната не се лепи, а наводно е еколошки поприфатливо од класичните садови со нелеплива подлога, која има премаз од петролеј. Предност е што се здрави за готвење и еколошки прифатливи. Додека недостаток тоа што нелепливата површина со текот на времето ја губи ефикасноста и не се препорачува да се загрева на високи температури.

Не’рѓосувачки челик

Ова е дефинитивно најпопуларниот материјал за кујнски садови. Металот е легура или комбинација која вклучува малу количини хром и никел, создавајќи површина отпорна на  ’рѓа и корозија. Единствен проблем со садовите од не’рѓосувачки челик е неговата неспособност да ја спроведува температурата, а за да се надомести тоа, производителите направиле и садови со алуминиумско и бакарно јадро. Цените се релативно пристапни, многу се издржливи и отпорни на гребаници, не реагираат на кисела храна, отпорни се на ’рѓа и корозија. Недостиг е што има лоша спроводливост на топлина, освен ако има алуминиумско и бакарно јадро, а старите садови можат да испуштаат никел и хром, и не смеат да се чистат со јаки абразивни средства.

Алуминиум

Тој е најчест избор кога станува збор за тепсии и плехови. Алуминиумските лонци се направени од леен алуминиум, кој полошо ја спроведува топлината, а тоа што реагира во допир со храна, алуминиумот ретко се користи. Добро спроведува топлина, отпорен е на ’рѓа и корозија, евтин е. Лесно се оштетува и реагира со кисела храна, поради што не е препорачлив за готвење.

Тефлонски садови

Овие садови се направени од специјален материјал кој го намалува лепењето на храна, па овозможува готвење со малку маснотии. Но овие садови не се добри за готвење сосови, а исто така постојат и здравствени причини поради кои не се добар избор. Не се препорачува загревање на висока температура и лесно се оштетува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот