Вјоса Османи, претседателка на Косово/Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Предлогот на Вјоса Османи е Глаук Коњуфца за нов косовски премиер

Косовската претседателка Вјоса Османи го номинираше Глаук Коњуфца за мандат во новата влада на земјата, откако сегашниот премиер Албин Курти не успеа да добие доволна поддршка за да го продолжи својот мандат. Инаку, Глаук Коњуфца е еден од најблиските соработници на лидерот на Самоопределување, Албин Курти, објавија Коха диторе.

Коњуфца има 15 дена да ја достави владата до парламентот за одобрување, откако кандидатурата на Албин Курти, кој е вршител на должноста премиер од изборите минатиот февруари, беше одбиена минатиот месец.

Откако ја отфрлија кандидатурата на Курти, опозициските лидери на 26 октомври објавија дека ќе го отфрлат и Коњуфца, кој е сојузник и соработник на Курти, и побараа предвремени избори.

Месечните политички застој во земјата придонесоа за недостаток на реформи, запирање на инфраструктурните проекти и замрзнување на дел од средствата на Европската унија и Светската банка, а го забавија и интегрирањето на Косово во ЕУ.

Османи го повика парламентот да го поддржи Коњуца како премиер за доброто на земјата, за да може да се усвојат државниот буџет за 2026 година и неколку меѓународни финансиски договори.

„Како претседател, проценив дека е во интерес на Косово да се обиде да формира влада, за да не се одложат овие важни одлуки за уште неколку месеци“, рече Османи на прес-конференцијата, додавајќи дека ќе мора да распише предвремени избори доколку парламентот го отфрли Коњуфца.

 

Инаку, Коњуфц беше привремен претседател на Косово во 2021 година, како и претседател на косовскиот парламент и министер за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот