Предлог за денешниот ручек – Подгответе роловано ароматично пилешко месо

Фото: Профимедиа

Немате идеја што да ручате денес? Без гајле, ние ви нудиме одличен рецепт…

Состојки:

350 грама бело пилешко месо
200 грама чадена сланина
3 чешниња лук
свеж рузмарин
маслиново масло
сол
црн бибер

Подготовка:

Месото измијте го и исечкајте го на парчиња по ваша желба. Потоа ставете ги во подлабок сад, во кој претходно се ставиле ситно исечкан лук, свеж рузмарин, маслиново масло, сол и црн бибер.

Вака подготвеното пилешко месо, оставете го да отстои околу 2 до3 часа за да ги впие сите потребни ароми.

Потоа, парчињата месо, едно по едно, завиткајте ги во чадена сланина.

Вака подготвеното месо, печете го во претходно загреана рерна на температура од 150 степени целзиусови околу 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот