Пред точно 10 години е разоткриена најголемата измама во историјата на медицината

Фото: EPA/LINDSEY PARNABY

Пред точно 10 години медицинското списание „The Lancet“ ја повлече измамничката студија на британскиот гастроентеролог Ендрју Вејкфилд од 1998 година која тврди дека вакцините предизвикуваат аутизам.

За жал, и покрај повлекувањето, студијата се претвори во „свето писмо“ на антиваксерите, додека нејзиниот автор се профилираше како еден од лидерите на движењето кое предизвика денес во бројни неразвиени земји речиси искоренети болести повторно да однесат илјадници животи. Изледа дека антиваксерите и во новата епидемија на коронавирусот би можеле да одиграат опасна улога.

Најштетен труд во историјата на медицината

Образложувајќи го повлекувањето на студијата на Вејкфилд, уредништвото на „The Lancet“ на објави дека некои елементи биле неточни и спротивни на претходните откритија.

Фиона Годли, уредничката на угледното медицинско списание „British Medical Journal“ во 2011 го коментираше штетното влијание на студијата на Вејкфилд со следните зборови:

– Изворниот труд доби толку медиумско внимание, кое беше со огормен штетен потенцијал за јавното здравје, и тешко е да се најде некоја споредба во историјата на медицинската наука. Многу други медицински измами беа разоткриени, меѓутоа обично многу побрзо по објавувањето и околу помалку важни здравствени теми – рече таа.

Измама за финансиски интерес

Бројни научници подоцна се обидуваа да ги повторат резултатите од студијата на Вејкфилд, но без успех. Британскиот истражувачки новинар Брајан Дир во 2004 објави во „Sunday Times“ низа на текстови кои покажаа дека Вејкфилд имал финансиска корист од својата измамничка студија. Тој утврди дека за неа добил 435.000 фунти од адвокати кои заедно со родители на некои деца кои биле вклучени во истражувањето, кои подготвувале голема тужба против произведувачи на вакцини. Со други зборови, студијата требала да биде упориште се собирање на големи отшети од фармацевтската индустрија.

Трудот потоа е отфрлен, од него се одрекоа дури 11 од 13 автори, а „British General Medical Council“ (GMC) го прогласи Вејкфилд за виновен по 30 точки, меѓу кои и за нечесност и за злоставување на деца.

Во Велика Британија одземена му е лекарската лиценца, но тој никогаш не се откажа од своите тези. Напротив, се пресели во САД и продолжи да пропагира антиваксерски идеи и да го гради својот имиџ на свиркач, маченик и гуру. Со тоа, изгради профитабилен бизнис, се збогати и стана позната медиумска личност.

На пример, „Daily Mail“ во 2018 година објави текст според кој Вејкфилд во предградите на Остин во Тексас завршил изградба на луксузна вила во вредност од 1,4 милиони долари, за само еден месец подоцна да ја напушти куќата и сопругата Кармен со која бил во брак 31 година, со образложение дека сака да се „пронајде себеси“. Речиси во исто време е снимен како на пазар за органска храна се бакнува со супермоделот Ел Мекферсон.

Физичарот Мет Кери, татко на аустистично дете и борец за правата на аутистичните деца, на својот блог во 2018 година објави анализи на даночни пријави кои покажуваат дека Вејкфилд, меѓу другото, се финансира преку каналот Autism Media Channel (AMC) и фондацијата AMC Foundation заедно со Поли Томи. Таа од Велика Британија се преселила во Тексас, каде го основала Центарот за аутизам Остин.

Кери, кој е автор на стотина научни тези, на својот блог утврди дека фондацијата AMC на Вејкфилд само во 2016 година собрала околу 1,3 милиони долари и тие средства биле истрошени многу нетранспарентно.

Најголемите студии го побија Вејкфилд

Лошата студија на Вејкфилд е направена со апсудно мал примерок од 12 деца, посебно избрани за потребите за добивање на посакуваниот резултат, со намера да се добие финансиска придобвика. Истата подоцна е демантирана од стотици други студии.

На пример, во големата австралиска метастудија објавена во 2014 година, анализирани се податоци собрани во пет претходни истражувања во кои учествувале дури 1.256.407 деца, и пет „студии на парови“ во кои учествувале уште 9920 деца. Во првата група на големи студии е изразено колкав е уделот на деца кои заболеле од аутизам меѓу вакцинираните, а колкав е меѓу невакцинираните. Во другата група на „студии на парови“ се споредени пациентите кои имале дијагноза на аутизам, со многу слични групи кои немале таква дијагноза за да се утврди дали кај нив има некаква разлика при изложувањето на вакцина. Авторите на студијата пристигнале до три заклучоци:

-не постои поврзаност меѓу вакцинирањето и аутизмот
-не постои поврзаност меѓу вакцинирањето и спектарот на аутистични пореметувања
-не постои поврзаност меѓу аутизам и вакцината МРП

– Резултатите не покажаа ништо. Веројатноста испадна нула, нула, нула! Тоа значи дека не постои никаква врска…Не можете да добиете поуверливи резултати од тоа – рече д-р Гај Еслик од универзитетот во Сиднеј.

Никој и ништо не може да ги разубеди антиваксерите

За жал, и покрај многу уверливите аргументи, антивакциналното движење постои и продолжува да се шири и да предизвикува големи штети. Тоа не треба да се зачудувачки факт оти науката покажа дека луѓето тешко ги менуваат своите уверувања колку и аргументите против нив да се уверливи.

Едно истражување во списанието „Педиатрикс“ откри дека настојувањето со научни аргументи да се промени мислењето на родителите антиваксери главно има спротивно влијание – нивната одлучност да не ги вакцинираат своите деца со секој спротивен аргумент само се засилува. Тоа исто така е во согласност со резултатите од истражувањата, меѓу кои има и неколку хрватски кои покажуваат дека антиваксерите во голема мера се склони на теории на завера, што значи дека нивното ниво на недоверба во сите институции, па и во научните и медицинските, е многу ниско.

Антивакциналното движење е одговорно за бесмислени смртни случаи

Антивакциналното движење во своите 20-тина години предизвика значаен пад на опфат со вакцинирање во бројни земји ширум светот, а со тоа е непотребна смрт на многу луѓе.

На пример, на островот Самоа опфатеноста со МРП-вакцина падна на рекордно ниско ниво од 58 отсто, што овозможи избивање на епидемија на морбили во 2019 година во која беа заразени речиси шест илјади луѓе, а најмалку 83 починаа. Властите во земјата беа приморани да прогласат вонредна состојба. Им наредија на сите жители кои не се вакцинирани на своите домови да истакнат црвени знамиња. Полицијата потоа го уапси локалниот активакцинален проповедник Едвин Тамасесе кој ширел страв од вакцинирање и промовирал лечење на морбили со витамин Ц. До крајот на декември 2019 година вакцинирано е околу 94 отсто од населението и епидемијата е запрена.

Антиваксерите тврдат дека коронавирусот е лажен

Судејќи по неодамнешните изјави на водечките антиваксери во медиумите и на социјални мрежи, кои понудија опасни теории на заговор и за новиот коронавирус.

На пример, поранешната австралиска боксерска ѕвезда, антиваксерот Антони Мундин, на Фејсбук напиша дека мисли оти коронавирусот е лажен.

– Јас дури не верувам дека коронавирусот е лажен. Мислам дека тоа е заговор чија цел е масовно производство на вакцини – напиша тој.

Коментарот го сподели со своите поддржувачи, а некои го советуваа да се заджи кон работите кои ги разбира, како што е боксот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот