Пред битката на половите Сабаленка е полна со респект, Кирјос по навика е вообразен

Мечот наречен „битка на половите“ е закажан, а двајцата противници даваат изјави типични за нивните карактери

Најновата битка на половите во тенисот, односно мечот помеѓу Арина Сабаленка (ВТА 1) и Ник Кирјос (АТП 652) ќе се одржи во Дубаи на 28 декември. Пред овој спектакл обајцата спортисти даваат изјави да се подгрее атмосферата.

Додека Сабаленка е учтива и полна со респект, нејзиниот колега од Австралија, типично за него, е вообразен и навредлив.

– Среќна сум што го претставувам женскиот тенис и учествувам во модерната битка на половите. Дубаи сака добри претстави. Имам голема почит кон Ник и неговиот талент, но подготвена сум да дадам сè од себе во овој меч – вели Белорусинката.

Кирјос е сигурен дека лесно ќе ја совлада првата тенисерка на ранг-листата.

– Дали навистина мислите дека ќе морам да дадам 100 отсто? Сабаленка нема да ме победи. Но, ќе останам фокусиран. Јас ја претставувам машката страна. Би рекол 6-2, можеби – го прогнозира Кирјос резултатот.

Вакви мечеви имало неколку. Најпознатиот беше во 1973 година помеѓу Били Џин Кинг и Боби Ригс, кој Кинг го доби со 6-4, 6-3, 6-3. Четири месеци пред тоа Ригс играше против Австралијанката Маргарет Корт, победувајќи ја со 6-2, 6-1, во 1992 година, Џими Конорс ја победи Мартина Навратилова со 7-5, 6-2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот