Пред „Белата палата“ штама, се слуша само славењето од ОК СДСМ Центар (ФОТО+ВИДЕО)

Пред главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ владее тотална тишина повеќе од час и половина. Пред познатата „Бела палата” освен новинарските екипи има околу стотина симпатизери и членови на партијата кои меѓусебно тивко разговараат.

 

Наспроти нив е Општинскиот штаб на СДСМ за Центар каде се слави победата на овие предвремени парламентарни избори. Засега нема информација од ВМРО-ДПМНЕ дали вечерва на македонската јавност ќе и се обрати лидерот на партијата Христијан Мицковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот