Фото: fosmedia.me

Пребарувач по лажни вести додели Златен, Сребрен и Бронзен Пинокио за медиуми во Србија

Порталот Fake News Трагач ги додели Златните, Сребрените и Бронзените Пинокио награди на медиумите во Србија кои во текот на изминатата година најчесто ширеа лажни и манипулативни вести, јави допсиникот на МИА од Белград.

– Нашиот тим истражуваше 198 манипулативни содржини, најмногу досега, а 23 отсто од тие содржини може да се најдат во печатеното или на Интернет изданието на „Ало“, со што тој медиум по втор пат го заслужи Златниот Пинокио, беше соопштено од порталот.

На второ место е таблоидот „Информер“, кој од корпусот на докажани дезинформации создаде или пренесе 19 отсто содржини, а на трето место е „Србија денес“, со учество од 16 отсто, наведе порталот Fake News Трагач.

Наградите беа доделени по повод тригодишната работа на порталот, кој најави дека на наградените ќе им испратат плакети и статуи на Златен, Сребрен и Бронзен Пинокио „со забелешка дека дрвена кукла склона кон лажење има шанса и да се поправи”.

– Во тоа светло, се надеваме дека медиумите ќе дадат се од себе следната 2021 година, да не ја добијат оваа награда, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот