Празничен паркинг-режим во Центар, поголем дел од паркиралиштата ќе бидат бесплатни

Од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ соопштија дека паркирањето низ општината ќе биде бесплатно за време на продолжениот викенд по повод празникот Велигден.

Граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите зонски паркиралишта при ПОЦ на 10, 12 и 13 април, односно во петок, недела и понеделник, со исклучок на затворените паркиралишта „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, каде наплатата ќе се одвива според редовниот режим.

„Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани, со исклучок на затворените паркиралишта со автоматска наплата“, информираат од ЈП „ПОЦ“.

Според програмата за неработни денови, единствено во сабота, која се води како работен ден, паркиралиштата ќе функционираат со вообичаено работно време.

Од претпријатието додаваат дека депото на „Пајак“ службата ќе работи непрекинато, 24 часа во текот на празниците, додека пак редовната наплата и издавањето договори во Дирекцијата на ЈП „ПОЦ“ ќе продолжат од 14 април (вторник), со стандардно работно време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот