Празничен промо депозит од ПроКредит Банка – Повеќе добивка за одличен старт на 2026

ПроКредит Банка го означува крајот на годината со исклучително атрактивна понуда – Празничен промо депозит, дизајниран за сите кои сакаат сигурна и исплатлива заштеда.

Каматните стапки за Празничниот промо депозит изнесуваат:

• 3,2% фиксна каматна стапка за депозити во денари со рок на орочување од 13 месеци.
• 2,5% фиксна каматна стапка за депозити во евра со рок на орочување од 25 месеци – услов кој ја издвојува оваа понуда како една од најповолните на пазарот за крајот на годината.

Празничната понуда носи повеќе вредност за парите на секој клиент – независно колку вложува. Промотивниот депозит ви дава одлична можност да орочите износ од минимум 100 евра (во денари или евра) и да обезбедите сигурен, редовен приход во следните 13 или 25 месеци.

Каматата се исплаќа на месечно ниво, овозможувајќи редовен, предвидлив и стабилен приход.

Овој празничен депозит е сигурно, транспарентно и целосно предвидливо решение за дополнителен месечен приход. Со фиксни каматни стапки и однапред дефинирани услови, вашата добивка е јасна уште од првиот ден, а средствата се орочени во стабилна и доверлива банка со германски капитал.

Со повеќе од 20 години присуство на македонскиот пазар, ПроКредит Банка останува посветена на развојот на културата на штедење и на создавање практични решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите – доказ за тоа е долгогодишната доверба и широката база на задоволни штедачи.

Понудата за празничниот промо депозит важи од 5.12.2025 до 15.1.2026.

Започнете ја својата празнична заштеда и обезбедете стабилен приход под навистина конкурентни услови. Дознајте повеќе за празничната понуда на ПроКредит Банка и искористете ја уште денес.


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот