ПРАЗНИ ЗАКАНИ ИЛИ СЕРИОЗЕН ПЛАН? Исламска држава планира да ги нападне курдските затвори во Ирак и Сирија

Првиот човек на воената разузнавачка служба на Ирак предупредува дека лидерите на бунтовничката Исламска држава (ИД) планираат масовни бегства од повеќе затвори во Ирак и Сирија, пренесе „Newsweek“.

– Главните лидери кои избегаа во насока на турскиот град Газиантеп и другите региони се клучни во финансирањето на организацијата, и тие располагаат со големи количини на пари – изјави генералот Саад ал-Аллак за Си-Ен-Ен. Тој предупреди дека овие лидери имаат големи инвестиции во Турција и рече дека ирачките власти ги откриле имињата на одредени клучни лица на турските служби и дека бараат нивно апсење.

– Заклучивме дека вистинската намера на ИД е да ја започнат мисијата која ја нарекоа „рушење на оградите“, што подразбира напаѓање на затворите во Ирак и Сирија, за да ги ослободат заробените терористи – рече ал-Алак.

Тој додаде дека неопходна е реакција на меѓународно ниво за справување со овој проблем, бидејќи овие криминалци би можеле да избегаат и да се вратат во родните земји.

Додаде дека борците на ИД претставуваат „голема закана за земјите во Европа, Азија и северна Африка“.

Иако Исламска држава се формирани во 1999 година, тие врвот на својата моќ го постигнаа во 2015 година откако освоија големи подрачја на териториите на Ирак и Сирија и го прогласија формирање на Калифат. Екстремистичката оргнизација беше позната по својата бруталност, на интернет објавуваа видео-клипови од обезглавуање на нивни затвореници, палење живи луѓе и слични начини за покажување на нивната наводна моќ.

На крајот на минатиот месец, американскиот претседател Доналд Трамп одобри специјална акција во која резултираше со смртта на лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади. Со ова се сметаше дека дополнително е зададен удар на веќе победената терористичка организација, но тие објавија дека повторно се обидуваат да ја вратат својата моќ и да ги консолидираат редовите со нови напади ширум светот, како и дека прв на мета е токму американскиот лидер Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот