Како е лоциран и ликвидиран Абу Бакр ал Багдади – најбараниот терорист на светот

Фото: EPA-EFE/ISLAMIC STATE VIDEO

За време на долгата потрага по лидерот на терористичката организација Исламска држава (ИД), тимовите на иранската разузнавачка служба обезбедија клучна информација во февруари минатата година, кога еден од најблиските соработници на Абу Бакар ал Багдади откри како тој со години успева да избегнува апсење, соопштија официјални лица од Ирак, а пренесе српска „Политика“.

Абу Бакр ал Багдади понекогаш за да ги избегне оние кои го бараат, се своите команданти се се возел во мали автобуси полни со зеленчук и тогаѓ со нив водел „стратешки разговори“, рече Исмаел ал Етави по неговото апсење од страна на турските власти.

– Етави пружи драгоцени информации кои му помогнаа на ирачкиот тим да ја сложи слагалката за движењето на Багдади и за местата на кои се крие – рече неименуван разузнавач од Ирак.

Истото лице за „Ројтерс“ рече дека Етави дал информации и детали за пет мажи, меѓу кои бил и тој, а кои се среќавале со Багдади во Сирија, како и за различните локации кои се користеле.

Официцјални лица на разузнавачката служба од Ирак сметаат дека Етави, кој е исламски теолог, бил еден од петмината наблиски соработници на Багдади. Тој во 2006 се приклучил на Ал Каеда, а американските сили го уапсија две години подоцна по што е осуден на четири години затвор.

Багдади подоцна го задолжил Етави да ги пренесува верски учења на притапдниците на ИД, како и да ги бира командантите. По колапсот на Исламска држава во 2017 година, Етави побегнал во Сирија со сопругата.

Другиот клучен пресврт се случил на почетокот на оваа година, кога за време на заедничката операција на американските, турските и ирачките разузнавачки служби се уапсени истакнати членови на ИД, вкучувајќи и четри државјани на Ирак и еден Сириец.

– Тие ни ги открија сите локации на кои се среќавале со Багдади во Сирија и одлучивме заедно со ЦИА да ангажираме повеќе луѓе во тие области – рече неименуваниот разузнавач од Ирак.

Според неговите зборови, на средина на оваа година градот Идлиб е лоциран како место кадешто Багдади се движел од село до село со своето семејство и тројца блиски соработници.

Еден од доушниците го препознал Етави на еден пазар во Идлиб и потоа тој бил следен се до куќата каде се наоѓал Багдади.

– Тие информации им ги проследивме на ЦИА и тие искористија сателити и дронови за да ја набљудуваат локацијата во последите пет месеци – наведе Ирачанецот.

По три дена, Багдади првпат ја напуштил таа локација со своето семејство и со мал автобус отишол до едно село во близина. Освен што бегаше од меѓународните сојузници, тој се криеше и од локалните непријатели во Сирија.

Хајат Тахрир ал-Шам, група претходно позната како Нусра Фронт која доминираше во Идлиб, сама спроведуваше потрага по Багдади откако добиле информација дека се наоѓаа во таа област. Претходно, тие водеа крвави битки со ИД во Сирија.

Оваа група неодамна фати еден соработник на Багдади, познат како Абу Сулејман ал-Халиди. Станува збор за еден од тројцата мажи кои седеле до лидерот на ИД на последното негово обраќање преку видео-снимка. Апсењето на Халиди било клучно во потрагата на Багдади, рече командантот од Идлиб.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека Ел Багдади е пронајден мртов. Тој загинал за време на рација на американската војска на северот на Сирија бидејќи се разнел со експлозив во еден тунел, пренесува „Танјуг“.

Трамп додаде дека 15 минути по смртта на Багдади е направен и ДНК-тест со кои е потврдено дека станува збор за озлогласениот терорист. Претседателот на САД рече дека Багдади е следен неколку недели и дека операцијата ја спровеле американските служби.

Според неговите зборови, Багдади „умрел како кукавица, плачејќи и молејќи за милост“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот