Исламска држава тргнува по светските лидери – прва цел е Доналд Трамп (ФОТО)

Напад на Исламска држава во главниот град на Уганда/ Фото: МИА

Терористичката организација Исламска држава по неполни 20 дена од смртта на лидерот Абу Бакр ал-Багдади објави упатство за нивните следбеници како да ликвидираат светски лидери, политичари и воени команданти, а прв на листата се најде американскиот претседател Доналд Трамп.

Проџихадистичката Курајш медиа побјави и постер со насловот „Како да убиете лидер“, објаснувајќи им на своите поддржувачи кои се трите „најдобри“ начини да се елиминираат непријателите.

Џихадистите на своите портали објавија и фотографија на која Донанд Трамп е на прикажан на колена на раб од една зграда и во портокалово одело, пред еден од нивните борци кој е подготен да го обезглави додека тој го чита нивното соопштеие. Во позадина се вее препознатливното знаме на Исламска држава.

– Ова ни го вети нашиот Господ, а тој не ги крши своите ветувања. Америка и нејзините сојузници мислат дека ќе не заплашат и ќе ги победат муџахедините, но тоа нема да се случи – стои во текстот под фотографијата.

Фото: Al-Taqwa Media Foundation

Во исто време, екстремистите објавија и постер со детални уаптства како терористите да им се приближат на своите цели кои се на високи позиции.

– Брат муџахедин облечен како новинан може да учествува на конференции за новинари, форуми и состаноци кои ќе му овозможат да дојде близу до своите мети. Исто така може да употреби и камера како експлозивна направа или место за криење на оружјето – стои во упатството на екстремистите.

Друг начин кои го предложуваат е користење на снајперски пушки со голем домет за метата да се елиминира од безбедна далечина.

– Осамениот волк може да нападне конвој во кој се наоѓа некој светски лидери користејки снајпер – стои во заканите објавени од ИД.

Третиот начин подразбира напад со Молотов коктел или со ладно оружје.

– Операцијата на елиминација на метите може да се изведе и со користеењ на ладно оружје и Молотови коктели. Тоа подразбира дека напаѓачот мора однапред да подготви план за повлекување.

Во апелот, следбениците се повикуваат да подметнуваат големи пожари во САД и Европа за да се предизвикаат што поголеми еколошки проблеми.

За потсетување, Ал-Багдади се разнесе со бомба заедно со своите деца кога беше пронајден во тунел под вила во градот Идлиб во Сирија, каде се криеше. Неговата ликвидација претставуваше голем удар за џихадистите, кои бараат начин како да се одмаздат и да спроведат големи размери за да покажат дека не се уништени.

Фото: ЕПА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот