ФОТО | Уметникот кој изложи празни слики, мора да го врати заемот од 71.500 евра

Фото: Instagram

Данскиот уметник кој позајми голема сума од музејот во Алборг за две уметнички дела, а потоа изложи празни рамки, според судскиот налог ќе мора да ги врати парите, пишува „Гардијан“.

Јенс Ханинг, концептуален уметник чија работа се фокусира на моќта и нееднаквоста, доби провизија во 2021 година од Музејот за модерна уметност во Алборг, северна Данска. Задачата му беше да се реконструираат две претходни дела со десетици банкноти, кои ги претставуваат просечните приходи во регионот.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Делото на Ханинг од 2007 година, „Просечен дански годишен приход“, содржи банкноти од дански круни прикачени на платно, додека друго дело од 2011 година, инспирирано од австрискиот приход, содржи банкноти од евро.

Музејот обезбедил околу 532.000 круни, што е околу 71.500 евра, од своите резерви за изработка на споменатите уметнички дела, како и хонорарот на уметникот од околу 40.000 круни, што се дополнителни 5.300 евра.

Меѓутоа, кога вработените во музејот ги отпакувале доставените дела, пронашле две празни рамки со наслов „Земи ги парите и бегај“.

Музејот изложил нови уметнички дела, а кога Ханинг одбил да ги врати позајмените пари, против него беше преземена правна постапка.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

На 18 септември судот во Копенхаген му одреди на уметникот да ги врати позајмените пари, но беше нагласено дека треба да му се исплати авторскиот хонорар.

„Ние не сме богат музеј. Мораме внимателно да размислиме како ги трошиме нашите средства и да не трошиме повеќе отколку што можеме да си дозволиме“, изјавил Ласе Андерсон, директор на музејот Кунстен.

Ханинг се бранеше велејќи дека: „работата, односно делото е во тоа што им ги земав парите. Тоа не е кражба. Тоа е прекршување на договорот, а прекршувањето на договорот е дел од концептот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот