Дали правилно ја миете косата? Овој едноставен трик прави голема разлика
Нема подобро чувство од свежа и сјајна коса по миењето, кога сè што сакаме е да уживаме во мирисот на нашиот омилен шампон. Од друга страна, добро знаеме колку може да биде фрустрирачки кога пофалени и проверени препарати едноставно не даваат резултати на нашата коса.
Препорачано
Но, пред целата вина да ја префрлите на шампоните и регенераторите, поставете си едно важно прашање – дали воопшто знаете како правилно да ја миете косата?
Секоја коса е единствена, па не е изненадување што истите препарати делуваат различно кај различни типови и текстури на влакно. Сепак, за да го извлечете најдоброто од секое миење, неопходно е да ги знаете основите на правилната нега, на кои стручњаците укажуваат со години.

Добрата вест е дека тука не станува збор за комплицирани ритуали што ќе ви одземат време и пари без гаранција за ефект. Напротив, сè се врти околу еден многу едноставен трик што можете да го примените уште денеска, а навистина функционира. Наместо да ја шампонирате косата по целата должина, стилистката Шарлот Пробст советува фокусот да биде исклучиво на темето.
„Чистењето на темето е многу поважно за здравјето на косата. Токму таму се таложи себумот, кој со себе носи вишок маснотија и нечистотии“, изјави таа за британското издание на „Гламур“.
Размислете, сите нечистотии се собираат на темето, додека ние непотребно ја шампонираме веќе сувата должина на косата, што често резултира со незадоволителен изглед. Ова, секако, не значи дека остатокот од косата треба да остане без нега. Следниот чекор е нанесување регенератор по целата должина. Така ѝ даваме на косата мекост и сјај, а шампонот сепак ќе ја „допре“ и должината при плакнењето и ете го резултатот.


