Прават брашно од воздух и вода: Пронајдоа начин како да не зависат од временските услови

Прават брашно од воздух и вода: Пронајдоа начин како да не зависат од временските услови

Изреката дека не може да се живее од воздух повеќе не важи, затоа што финската компанија Solar Foods планира наскоро да пушти во продажба нов вид прашина.

Тоа е протеинско брашно наречено Solein. Направено е од СО2, вода и соларна енергија, пишува Светскиот економски форум.

Станува збор за високо-протеински состав, кој наликува на брашно, а како состав содржи 50 проценти протеини, пет до 10 проценти маснотии и 20 до 25 проценти јаглени хидрати.

Наводно, изгледа и има вкус како пченично брашно, и може, по неговото лансирање во 2021 година, да биде една од главните состојки во многу прехранбени производи.

Процесот на производство на Solein не испушта вишок јаглерод, туку користи стакленички гасови за производство на храна. Го вади CO2 од воздухот, а потоа го комбинира со вода, помала доза на хранливи материи и витамини.

Користејќи 100 проценти обновлива соларна енергија што ја користат од партнерската компанија, така започнува процес на природна ферментација слична на онаа што се користи за производство на квасец.

Solar Foods тврди дека таквото производство на протеини е ослободено од земјоделски ограничувања, затоа што крајниот производ е независен од обработливото земјиште, врнежи од дожд или временски услови.

Не станува збор за продажба на магла или промовирање на несериозна фирма, бидејќи тие веќе соработуваат со Европската вселенска агенција (ЕСА) за развој на храна за производство и потрошувачка надвор од планетата.

Самата идеја за Solein потекнува од НАСА, вселенската агенција која исто така го гледа потенцијалот за развој на технологијата за производство на храна во области чии климатски услови го прават невозможно конвенционалното земјоделство.

Покрај прехранувањето на голем број луѓе, Solein е совршена храна за патување во вселената, пренесува ЕСА.

– Нашиот метод за производство на протеини потекнува од желбата да се произведе храна на поеколошки начин, без употреба на земјоделско земјиште – рече извршниот директор на Solar Foods, Паси Ваиника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот