Боб Марли / Фото: Profimedia

Прамен од косата на Боб Марли се продава на аукција, се очекува да достигне висока цена

Прамен од косата на легендарниот музичар Боб Марли се појави на аукција, а се очекува да достигне цена од околу 25.000 фунти.

Овој редок предмет, долг околу 3,8 сантиметри, се продава преку аукциската куќа „Инвалуабл“ и доаѓа заедно со оригинален автограм од Марли.

Според описот, станува збор за „исклучително редок дел од историјата на реге музиката и поп-културата“, а ова е првпат по 20 години да се појави автентичен примерок од коса на Боб Марли на продажба.

Праменот потекнува од 1978 година, кога сегашниот сопственик, тогаш како тинејџер, присуствувал на снимањето на емисијата „Топ оф д попс“ во Лондон.

Тој раскажал дека во тоа време било дозволено публиката да се качи на сцената по настапот на музичарите.

„Откако Боб Марли заврши со настапот, јас и еден пријател се качивме на сцената. Тој се смееше, па го прашав дали можам да земам мал дел од неговата коса. Само кимна и се насмеа, па јас завртев и земав мал прамен. Ми даде и автограм, кој го чувам до денес“, раскажал сопственикот.

Автограмот е напишан со сино пенкало и гласи: „За Андреа, со љубов, Боб Марли“.

Покрај праменот и автограмот, во пакетот се наоѓа и промотивен флаер од емисијата, на која настапиле и групите „Блек Сабат“, „Тин Лизи“ и други.

Почетната цена на аукцијата е 5.000 фунти, а наддавањето ќе трае до 9 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот