Праќала пораки во шише затоа што сакала малку романса, па добила одговор што не го очекувала ниту во најлошите соништа
Жителка на англискиот град Истборн останала во шок, откако „пораката во шише“, која ја испратила со надеж дека ќе оствари романтична врска со непознат човек, завршила назад на нејзината адреса – придружена со писмо и необичен пакет, објавува „Њујорк пост“.
Препорачано
Лорејн Форбс (58) негувала старо хоби – фрла шишиња со писма во морето, надевајќи се дека некој ќе ги прочита и ќе ѝ се врати.
Со текот на годините, одговорите доаѓале од Холандија и Франција. Сепак, во повеќето случаи, шишињата биле враќани на блиските плажи. Сепак, последниот случај ѝ донел нешто сосема друго.
Пораката што ја испратила – напишана на задната страна од флаер за концертот на Џон Лидон – се вратила во чудна кутија, а Лорејн морала да плати девет долари за да ја врати. Дури кога го отворила пакетот сфатила дека е полн со камења.
А, на пораката пишувало: „Ве молам престанете да фрлате ѓубре во морето. Еден ден подоцна ќе оди во Певенси Беј или Норманс Беј. Многу благодарам, собирач на ѓубре.“
„Со години испраќам писма. Оние што ми одговараат најчесто не сакаат да се сретнат, само пишуваат каде го нашле шишето. Барам малку романса, отсекогаш ми било хоби, нешто старомодно“, рекла таа.
Наместо тоа, како што вели, добила повратна пратка од „кукавица“ кој собира отпадоци од плажите, но која не оставила име.
„Морав да платам девет долари само за да го добијам тој пакет. Навистина е злобно. Сакааа да ми одржат лекција, мислејќи дека го загадувам морето. Никогаш нема да знам кој е. Да знаев, ќе побарав да ми ги вратат парите“, додала таа.
Пораката е испратена на 5 септември, а одговорот пристигнал малку повеќе од еден месец подоцна, на 7 октомври.
Инаку, Лорејн фрлала „пораки во шишиња“ од пристаништето во Истборн и секогаш користела пластика за да не се скрши стаклото за време на патувањето. Сепак, таа признава дека веќе имала проблем поради тоа. Имено, персоналот на пристаништето ја предупредил претходно поради можниот штетен ефект врз подводниот животински свет.
Иако смета дека тонот на пораката бил „суров“, таа исто така признава дека ја натерал да размисли.
„Веќе ме предупредија да застанам во пристаништето. Ова ме натера да сфатам дека службите за заштита на животната средина можат да ги пронајдат моите пораки со моето име и адреса – и дека би можела да западнам во правни проблеми поради тоа“, рекла таа.
На крајот, таа признава дека можеби ќе мора да се откаже од своето необично романтично хоби: „Веројатно нема да продолжам. Ова ми ги отвори очите.“


