Познато колку заработува Фабрицио Романо, „кралот“ на фудбалските трансфери

фото: принтскрин/youtube.com/@FabrizioRomanoYT

Фабрицио Романо (30) е еден од најпознатите спортски новинари во светот, експерт за сите трансфери кои се реализираат на фудбалскиот пазар.

Италијанецот ја започна својата кариера во 2011 година, кога имаше само 18 години и сè уште беше во средно училиште.

Романо е специјализиран за трансфери и дава дневни информации во оваа насока. Чест гостин во емисиите и подкастите, но повеќето информации поврзани со трансферите ги дава на неговиот личен профил на Твитер, каде има околу 17 милиони фанови.

Според британските медиуми, Романо само од објави на Твитер месечно заработува околу 80.000 евра. Секој месец, новинарот доставува многубројни ажурирања поврзани со трансфери до фановите.

Италијанскиот новинар за неколку години успеа покрај официјалните да стане и еден од најверодостојните извори во однос на трансферите.

Во текот на својата кариера соработуваше со различни медиуми како „Скај Спорт“, „Гардијан“ или „Си-Би-Ес“, а сега е независен новинар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот