Познатиот режисер ја откри состојбата на Жарко Лаушевиќ: Како се чувствува актерот по хоспитализирањето
Познатиот српски актер Жарко Лаушевиќ (63) е примен во КБЦ „Бежанијска коса“, а како што пренесуваат српските медиуми, тој се наоѓа во споменатата установа поради редовно примање на терапија.
Препорачано
– Жарко Лаушевиќ е во стабилна состојба и не е животно загрозен. Тој веќе извесно време има проблем со белите дробови, но не бил итно примен во болница, туку доаѓа на редовни терапии – вели изворот на српски „Телеграф“.
Да потсетиме, српските медиуми вчера објавија дека легендарниот актер бил хоспитализиран пред неколку дена во КБЦ „Бежанијска коса“. Влошената здравствена состојба на актерот од пред неколку месеци наводно кулминирала во последните неколку дена, па тој бил итно хоспитализиран, по што бил пратен на дополнителни прегледи.
Извор близок до актерот за порталот „24седам“ изјавил дека Лаушевиќ без разлика на ситуацијата не сакал да го пропушти продолжението на снимањето на серијата „Калкански кругови“ во текот на летото, на која работел во Аранѓеловац.
По тој повод се огласи и режисерот на серијата, Милан Караџиќ.
– Жарко е на болничко лекување и ќе биде на терапии во наредните денови – потврдил за „Новости“, режисерот на споменатата серија, Милан Караџиќ.
– Ги сними горе-долу сите свои сцени, малку остана. Инаку, одлично си ја заврши работата, презадоволни сме од сработеното, маестрален актер е. Многу се дава и троши, жешко е, а тој е со кревко здравје. Се надеваме на најдоброто, ја има целата болничка нега и очекуваме наскоро да излезе од лекувањето.
Во текот на викендот на Лаушевиќ му биле направени анализи на крвта и ќе продолжи со лекувањето. Поради приватност тој се наоѓа во апартман во болницата „Бежанијска коса“, каде што за него се грижат голем број лекари и друг медицински персонал, пишува српски „Курир“.
Жарко Лаушевиќ итно хоспитализиран: Состојбата на актерот се чува во строга тајност


